Missing image

Депресијата е честа појава кај тинејџерите

Вашингтон, 26. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Кај тинејџерите постои поголем ризик да страдаат од депресија, покажува истражувањето објавено во списанието „Clinical Psychological Science“.

– Адолесцентите почесто покажуваат симптоми на депресија. Причините поради кои адолесцентите почесто се тажни и замислени се кријат најчесто во нивните односи со луѓето околу нив, истакнуваат американските научници.

Во истражувањето кое траело три години учествувале 400 момчиња и девојчиња.

За да се избегнат несаканите последици, потребно родителите навреме да ги констатираат знаците на тинејџерската депресија. Тоа се раздразливоста, тагата, промените во навиките на спиење и хранење, лутината и ниската самодоверба.

Научниците истакнуваат и дека депресијата во тинејџерските години е двојно позастапена кај девојките, отколку кај момчињата. (Крај)

извор: Health фото: архива