Missing image

САД нанесе втор воздушен напад во Ирак

Арбил, 9. август 2014 (ИНПРЕС) – САД нанесе втор бран воздушни напади против џихадисти во близина на ирачкиот град Арбил.

Уништен е конвој на екстремистите. Воздушниот напад започна синоќа, откако американскиот претседател Барак Обама изјави дека Вашингтон треба да дејствува за да се спречи “геноцидот” во северен Ирак.

Претседателот на Ирак, Фуад Масум и потпретседателот на САД, Џо Бајден разговараа за воената операција во северниот дел на Ирак и формирање на нова ирачка влада. (Крај)

извор: ЕПА/БГНЕС фото: архива