Missing image

Промоција на монографијата „Снежана Османли – Жената која можеше да гледа и зад ридот“

Скопје, 27. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Во понеделник, 3. ноември, во Салонот 19,19 ќе се одржи промоција на монографијата „Снежана Османли – Жената која можеше да гледа и зад ридот“ од Атанас Кировски.

Книгата е во издание на ИП „Култура“ од Скопје.

Промотори ќе бидат: Трифун Костовски, претседател на невладината организација и група за критичко мислење и анализа – Советот за глобална соработка  и Акад. Таки Фити,економист и поранешен министер, редовен член на МАНУ.

Книгата вклучува исказни на 25 истакнати личности од дипломатскиот, политичкиот, научниот, деловниот и општествениот живот посветена на личноста и дејноста на М-р Снежана Османли (1954-2013), угледен и агилен политички работник – во преломните мигови на македонскиот општествен и политички процес, од преминот на социјалистичкото во плуралистичкото општество, до македонската независност и стекнувањето меѓународен легитимитет. Снежана Османли беше понекогаш единствен сведок, а редовно активен и позитивен учесник во процесите на првичаната демократизација, плурализација и државно осамостојување на Републиа Македонија.

Богатите содржини, сеќавања и погледи изложени во монографијата ќе ги заинтересираат  не само љубителите на меморарските текстови, туку и аналитичарите и експертите кои се занимаваат со спомнатиот дел од современата македонска политичка историја.

Монографијата е создадена по иницијативата и со поддршка на Трифун Костовски, претседател на невладината организација и група за критичко мислење и анализа „Совет за глобална соработка“ од Скопје, чијшто идеен покренувач и активен потпретседател беше токму Снежана Османли. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива