Скопје, 27. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Според последните податоци на УЈП, 3.348 даночни обврзници успешно ја имаат заокружено регистрацијата на 7.033 фискални системи на опрема со GPRS уред.
– Потсетуваме дека обврска за воведување на фискален апарат со GPRS уред најдоцна до 31-ви октомври 2014 година имаат даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. За невоведување на фискален апарат со GPRS уред законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност, како и парични глоби за одговорното лице и правното лице, информираат од УЈП. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива