Missing image

Промоција на книгата „Низ темјанот еден лилјан“ од Сузана В. Спасовска

Скопје, 28. октомври 2014 (ИНПРЕС) – На 30-ти октомври во Културно информативниот центар КИЦ Салон 19.19, ќе се одржи промоција на поетската книга „Низ темјанот еден лилјан“ од Сузана В. Спасовска.

Книгата е во издание на „Антолог“ од Скопје. Оваа книга доаѓа по пауза од речиси една деценија во творештвото на Спасовска. Воведна реч ќе одржи д-р Светлана Камџијаш, а стихови од книгата ќе интерпретира реномираната македонска актерка Арна Шијак.

Сузана В. Спасовска е родена во јуни, 1972 година во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега објавила три стихозбирки. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива