Missing image

Гевгеличанец нелегално доставувал огревно дрво

Гевгелија, 29. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Со кривична пријава се стекна А.К.(28) од Гевгелија, за сторени две кривични дела „кражба“.

На 9-ти овој месец, пријавениот откако претходно се договорил со лице од Гевгелија да му донесе огревни дрва, во два наврати на месноста „Орлик“ на планината Кожуф бесправно исекол 4,2 метри кубни огревни дрва и ги транпортирал кај лицето од Гевгелија, без документи и испратница за дотур од ЈП „Македонски Шуми“.(Крај)

извор: МВР фото: архива