Скопје, 30. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Најнови вести, talk show емисии, утринска програма, култура, спорт и забава, документарни серијали, сите вести од сите агли, ќе ги има на новата платформа N1, која започнува со емитување од денес.
N1 е прва регионална дваесетчетиричасовна news платформа и ексклузивен CNN партнер за регионот почнува со емитување на пограмата од 30. октомври. Со емитување на ТВ каналот N1, истовремено започнува со работа и n1info.com news порталот, како и апликациите за IOS, Android и Windows.
N1 news платформата има три регионални центри – во Белград, Сараево и Загреб, од кои секој има своја уредувачка политика, новинари, ТВ студио, web и мобилна платформа. Сите три студија ќе произведуваат три посебни содржини кои ќе се спојуваат во една регионална програма кога се во прашање информации кои ќе бидат од интерес за публиката од сите три земји.
Како ексклузивен партнер на CNN за регионот, N1 ќе биде во можност да емитува CNN програма кои го смета како релавантен за гледачите во регионот. Истовремено ова соработка му овозможува на CNN пристап до известувањата на репортерите на N1 и содржините на N1 од целиот регион.
Во својот тим, N1 ги има собрано медиските професионалци со повеќегодишно искуство во домашни и интернационални медиски корпорации. Помегу нив е Брент Садлер, поранешен новинар на CNN, сега директор на уредувачкиот колегиум на N1 и Зоран Стевановиќ, директор на програмата на регионот, со долгогодишно искуство во CNN. Директори на програмата се: за Србија Југослав Чосиќ, за Хрватска Дубравко Мелиќ, за Сараево Амир Зукиќ . Регионалните директори се и уредници и водители на политичкиот talk-show програм Pressing.
Во БиХ и Словенија N1 каналот гледачите ќе можат да го следат преку операторот Telemach и платформата Total TV, во Хрватска преку операторот MAXtv и VIP Net и платформата Total TV, во Црна Гора и Македонија преку платформата Total TV, а во останатиот дел на Eвропа и светот преку Nettv.plus и платформата Total TV. Каналот N1 во Србија ќе може да се следи преку оператерите: SBB, KDS и JET, преку платформите D3 и D3i – позиција 202, Total TV и Beogrid network – позиција 202. N1 ќе биде достапен и преку други видови на современи комуникации – N1 news порталот на адресата www.n1info.com, IOS, Android и Windows апликации. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива