Missing image

Работилница за изработка на национални анекси на еврокодови

Скопје, 30. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Институтот за стандардизација на Република Македонија-ИСРМ, на 4-ти ноември ќе ја отвори втората европска  Работилница за еврокодовите насловена како “Градење на капацитетите за изработка на НДП на националните анекси на еврокодовите во балканскиот регион”.

Работилницата  ќе се одржи во хотел Холидеј Ин.

На работилницата ќе присуствуваат околу 80 претставници од земјите од Европска Унија, експерти од ИСПРА (Заеднички истажувачи центар на Европската комисија во Испра, Италија), како и експерти од земјите членки на Европската Унија.

Работилница за еврокодови е со цел да допринесе за  подигнување на  јавната свест за потребата од јакнење на капацитетите за изработката на националните анекси на еврокодовите кои пак се најважните стандарди од областа на градежништвото. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива