„Југохром“ доби дополнителен рок за воведување на новите еколошки стандарди

Тетово, 1. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Фабриката „Југохром“ доби нов дополнителен рок за воведување на новите еколошки стандарди.

За време на дополнителниот рок нема да работи целата фабрика туку само еден дел од погоните.

„Југохром“ и „Макстил“ првично требаше до 30 октомври да ги спроведат еколошките стандарди.

„Макстил“ согласно предвидените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди веќе го прекина производството во погонот „Челичарница“. Производството во погонот Валавница, односно испораката на лимови и задоволувањето на обврските кон купувачите ќе продолжи непречено со полуфабрикат (челични слабови) набавени од увоз. (Крај)

извор: НОВА ТВ фото: архива