Шалке: Во Лондон одиме на три бода

Лондон, 4. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на Шалке во среда играат против Спортинг во натпревар од четвртото коло на Групата Г од Лигата на шампионите. Со евентуална победа би направиле голем чекор кон осмина финалето.

Фудбалерот на германската екипа Јан Кирхоф најави дека Шалке во Лондон оди по три бода:

– Ќе дадеме се од себе да се вратиме во Германија со трите бода. Ако имаме малку среќа во Лисабон и со мала помош на Челзи, работите можат да бидат многу поволни за нас, изјави играчот.

Во другиот натпревар од Групата Г ќе играат Марибор и Челзи. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива