УЈП синоќа спроведе голема акција во Охрид

Охрид, 12. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Голема акција спроведоа синоќа во Охрид, Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција со асистенција на Министерството за внатрешни работи.

Како што дознаваме биле контролирани угостителски локали, продавници, бутици и други објекти во охридската чаршија.

Според првични и непотврдени информации, биле затворени и неколку дуќани.

Вакви инспекциски акции изминатите денови беа спроведени во неколку градови во земјава, меѓу кои и во Струга. Во контролираните 53 објекти во Струга, Тетово, Радовиш, Скопје и Куманово неправилности во фискализацијата биле утврдени кај 29 објекти. Во Гостивар и Дебар пак, биле затврени педесеттина објекти. (Крај)

извор: Супер радио фото: архива