Советот за безбедност на ОН стравува дека борбите во Украина може да траат неколку децении

Њујорк, 13. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Советот за безбедност на ОН се состана на 26-та итна седница за Украина и повторно не донесе одлука за преземање на акција, но предупреди на можно враќање во полн обем на борбите во источниот дел на земјата, кој е под контрола на про-руските сили.

Помошник генералниот секретар на ОН за политички прашања, Јенс Тоиберг Францен рече на состанокот на Советот за безбедност на ОН дека е длабоко загрижен поради можноста да се предизвика дестабилизација на конфликтот во Украина.

Украина може да се соочи со конфликти и до неколку месеци, рече Францен,  додавајќи дека овие конфликти може да траат неколку години или дури и децении.

Според украинскиот амбасадор Јуриј Сергеев, отворената војна во источниот дел на Украина се уште не започнала само заради украинската воздржаност. (Крај)

извор: Танјуг фото: архива