Еден час во автомобил во кој се пуши е „сериозен ризик за здравјето“

Скопје, 16. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Доколку патувате во автомобил во кој се пуши, за само еден час можете да го доведете во прашање вашето здравје и да бидете изложени на опасни нивоа токсични хемикалии.

– Непушачите кои биле изложени на чад од три цигари покажале зголемено ниво на канцерогени и други отрови во урината, покажале резултатите од истражувањето спроведено од страна на научници од Универзитетот во Калифорнија кои објаснуваат дека пасивното пушење, односно чадот во мал простор – автомобили и други возила претставувасериозен ризик за здравјето“.

Испитувањата откриле покачени нивоа на бутадиен, акрилонитрил, бензен, метилација агенти и етилен оксид кај луѓето кои биле во возилото, а не биле пушачи. Сите овие соединенија се поврзани со ракот, срцевите и белодробните заболувања, а ги загрозуваат и пасивните пушачи. (Крај)

извор: Health фото: архива