Missing image

Три лица заработија кривични пријави поради криумчарење мигранти

Скопје, 16. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Минатата недела се поднесени кривични пријави против три лица во три одвоени случаи поради криумчарење мигранти.

Станува збор за лицата С.Н. (39), Д.М. (26) двајцата од од село Марвинци, валандовско и С.К. (25) од село Казандол исто така валандовско. Притоа биле откриени 25 илегални мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија. На пријавените Д.М. и С.К. Судија од претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од по осум дена.

Во првиот случај, четири сириски мигранти, заедно со пријавениот С.Н. од селото Марвинци биле затекнати во близина на напуштен објект во м.в „Стара кафана“. Илегалните мигранти по документирањето на случајот се предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во вториот случај, пријавениот Д.М. со товарно моторно возило, фургон марка „Пежо боксер“ со гевгелиски регистарски таблички, по претходен договор со лице од Пакистан, на патниот правец Марвинци – Балинци, кај м.в. „Канал“ прифатил 20 сириски државјани од кои четворица поседувале и грчки документи, со цел да ги превезе до наплатната рампа пред Куманово за сума од 130 евра од лице. Набргу по тргнувањето, кај раскрсницата Валандово – Дојран – Струмица, од страна на полициски службеници му бил даден знак да застане, но Д.М. не ја почитувал дадената наредба, ја зголемил брзината на возилото и се упатил во правец на селото Раброво. Кај м.в. „Штали“ тој го запрел возилото и се вдал во бегство со поголем дел од мигрантите. Набргу е фатен и приведен во Полициската станица во Гевгелија.

Во третиот случај, пријавениот С.К. управувајќи возило марка „Југо Темпо 1.1“ со струмички регистарски таблички се обидел од близината на село Јосифово, валандовско до Скопје да превезе пет илегални мигранти. Тој бил откриен при контрола во близина на Демир Капија. (Крај)

извор: МВР фото: архива