Порше Македонија ќе ја претставува Македонија на Европските Бизнис Награди

Скопје, 28. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Порше Македонија компанијата која ги застапува автомобилските марки: Volkswagen, Škoda, Audi, SEAT, Volkswagen – Комерцијални возила и Porsche е национален шампион и ќе ја претставува Македонија на Европските Бизнис Награди за 2014 / 2015 година.

Компанијата е најдобра во две категории „Награда за посветеност кон клиентите“ и „Најдобар работодавач на година“. На национално ниво компанијата победи во повеќе категории и освои награда и признание за „Успешен бизнис, иновација и бизнис етика“.

Претседателот на „Европските Бизнис Награди“ Адриан Трип и претседателот на стручното жири Филип Форест му ја врачија наградата на претставникот од Порше Македонија господинот Владимир Димитровски бренд менаџер за Volkswagen патнички возила.

Во конкуренција на голем број компании, „Порше Македонија“ ја доби наградата со најголем број освоени гласови од стручното жири кое брои повеќе од 160 члена и е составено од универзитетски професори, економски експерти, поранешни премиери, министри и професионалци од повеќе области.

Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со над 30% удел на пазарот на нови возила. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива