Серхио Агуеро најдобар играч во Премиерлигата за 2014

Манчестер, 2. декември 2014 (ИНПРЕС) – Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро е избран за играч на годината во Премиер лигата во Англија, од страна на федерацијата на спортски навивачи.

Аргентинецот постигна 17 погодоци од стартот на новата сезона, кои се повеќе од доволни да го освои признанието најдобар играч во Премиер лигата за 2014 година.

Агуеро е одбран за најдобар пред Јаја Туре, Рахим Стерлинг, Еден Азар, Бранислав Ивановиќ и Морган Шнајдерлин. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива