Барселона со „револуционерен“ дизајн на новите дресови

Барселона, 3. декември 2014 (ИНПРЕС) – Со наслов „Револуција во Барселона“, каталонскиот весник „Sport“ ексклузивно го објави дизјанот на новите дресови на Барселона.

По 115-годишната историја на клубот, Барселона за првпат ќе игра со хоризонтални, а не вертикални риги.
Значителна промена ќе има и кај резервниот дрес, каде на грбот ќе бидат боите на регионот Каталонија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива