Струмичките „рисови“ подобри од охридските „гладијатори“ со 28:33

Охрид, 7. декември 2014 (ИНПРЕС) – Екипата на струмички „Зомимак-М“ со 28:33 ја надигра домашната екипа на РК „Охрид“ во натпревар од 12-тото коло од ракометната Супер лига.

Овој дерби-натпревар се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“ пред солидно исполнети трибини. Бодрењето на бројните членови на навивачката група „Рибари“, кое не престана во текот на целиот натпревар, сепак не беше доволно за охриѓани да стигнат до посакуваната победа.

ohridzomimak2

Лошиот старт на натпреварот и на моменти спорните одлуки на судиите ја вжештија атмосферата во салата. Кон крајот на натпреварот, охридските ракометари играа значително подобро, но тоа беше доволно само за конечните 28:33. (Крај)

извор: Инпрес фото: Инпрес