vakcini

Родители со јавен допис за начинот на спроведување на задолжителната вакцинација на децата во училиштата

Скопје, 20. декември 2014 (ИНПРЕС) – Група на родители доставила јавен допис до Министерството за образование и сите просветни институции во Македонија.

– Веќе со децении наназад (практика која е остаток од социјалистичкото општествено уредување) сведоци сме на користењето на образовните институции во државата како главно орудие за медицинска евиденција што е во најмала рака нелегално и криминално,затоа сакаме да ве известиме дека ова повеќе нема да се толерира. Со масовните вакцинации кои се спроведуваат преку  училиштата и насилното инволвирање на просветниот кадар во образовните институции да учествуваат во истите грубо се кршат основните човекови права и слободи, дел од македонската легислатива , уставот, меѓународни договори и конвенции кои Македонија ги има ратификувано. Ве известуваме дека Сите инволвирани страни, поединци или институции ќе се соочат со тужби и кривични пријави, според позитивните правни прописи на РМ, доколку се продолжи со ваквата практика на  безумни и нелегални дејствија, се вели во дописот на загрижените родители.

Според родителите, известувањата можат да се вршат преку  евидентираните домашни адреси на родителите, односно старателите на учениците за евентуални покани за вакцинација. Тие сметаат дека практиките за вакцинација што се користат во училиштата или од страна на просветните работници како медијатори за било какви медицински дејствија биле „незаконски, нелегални и злосторнички“.

– Бруталната дискриминација и нарушување на приватноста која се врши секојдневно над учениците, објавувајќи го нивниот медицински статус на огласни табли како вакцинирани или невакцинирани ученици повеќе нема да се толерира и истиот ќе бараме да се санкционира на сите  можни начини! Македонија како членка на Обединетите Нации и потписник на Конвенцијата за правата на детето, држава во која човековите права и слободи се темелни вредности на уставниот поредок, во која со член 9 од Уставот е утврдено дека сите граѓани пред Уставот и законите се еднакви, со член 44 од Уставот на секого му се гарантира правото на образование, кое на секого му е достапно под еднакви услови, во која основното образование е бесплатно и задолжително, во која со член 18 од Уставот се гарантира сигурност и тајност на личните податоци. Најпрво укажуваме на член 8 став 1 од европската конвенција за заштита на човековите права  и основните слободи која гласи „Секој човек има право на почитување на неговиот приватен… живот…“, потоа став 2 кој гласи „Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право…“. Дел од тој приватен живот е и правото на родителите да го вакцинираат или не сопственото дете, на кого ќе ја откријат таа информација или нема да ја откријат таа информација.  Во таа смисла приватноста на детето се повредува што за него се објавуваат информации за неговата медицинска состојба дали е вакцинирано или не, и слично, преку истакнување на огласни или друг вид табли, во време кога е предвидено вакцинирање, списоци со Имиња и Презимиња на деца кои се вакцинирани или невакцинирани. Истакнувањето на истите без дозвола на родителите се крши приватноста на децата, со тоа што Јавно, на видливо место се обелоденуваат податоци од приватен карактер.  Како институција вие сте должни да се грижите за децата додека се на настава. Впрочем според законот за заштита на детето (Сл. Весник бр. 23/2013 година) член 3 „Заштита на децата… се остварува преку обезбедување на определени права, средства и облици за заштита на децата“.

Бруталната дискриминација на приватноста е недозволива и според Протоколот број 12 од европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи(Сл. Весник бр. 30/2004 година). Член 1 „Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз  било која основа… или друг статус“. Потоа став 2 од истиот член гласи „Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1, се додава во дописот.

Родителите се повикуваат на Законот за заштита на децата.

– Со член 13 став (1) се забранува секаков вид на директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварување на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон. (2) Секое дискриминаторско дејствие сторено во вршењето на службената должност претставува основ за поведување на постапка за дискриминација согласно со Законот за спречување и заштита од дискриминација. Согласно член 227, глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое врши директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварувањето на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон (член 13). (2) Секое дискриминаторско дејствие сторено во вршењето на службената должност претставува основ за поведување на постапка за дискриминација согласно со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Кривично дело е откривање на медицинскиот статус на ученик на трето лице, остро реагираат родителите.

Во дописот се наведува дека Кривично дело е Инволвирање во медицински одлуки на семејството од страна на трети лица. (Крај)

извор: zdruzenie zdravjenaiglanevleguva фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest

Еден Одговор

  1. Lupco
    Lupco at |

    bravoooooo!

    Reply