Норвешките ракометарки по шести пат Европски прваци

Будимпешта, 22. декември 2014 (ИНПРЕС) – Женската ракометната селекција на Норвешка триумфираше на ЕП кое во изминатите две недели се одржуваше во Хрватска и Унгарија.

Ракометарките на Норвешка во големото финале, во натпревар кој имаше многу пресврти ја победија Шпанија со 28-25. За Норвежанките ова е шестата титула европски првак со што повторно доминираат на стариот континет откако на последните шест европски првенства освоија пет златни медали.

Претходно во борба за бронзениот медал Шведска во ‘малото финале’ славеше над Црна Гора со 25-23. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива