Ѓоковиќ одбил пари да намести меч

Њујорк, 24. декември 2014 (ИНПРЕС) – Како што пренесува „US Today“ на светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, пред осум години му биле понудени 100.000 долари за да намести свој тениски меч.

Ноле ја одбил таквата понуда но за весникот нагласил дека иако голем број од тенисерите не ни помислуваат на такво нешто, дека сликата во реалност е многу поинаква.

Од тогаш до сега состојбите значително се промениле а од 2008 година кога е формирана единицата за тениски интегритет на 11 тенисери изречени им се суспензии од кои пет се доживотни. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива