Missing image

Ново бомбардирање во Сирија – загинаа 40 лица

Бејрут, 26 декември 2014 (ИНПРЕС) – Речиси 40 цивили, меѓу кои и седум деца, загинаа вчера во Сирија, откако сириската армија бомбардираше два града под контрола на „Исламска држава“.

Градовите беа бомбардирани во провинцијата Алепо, објави во извештајот Опсерваторијата за заштита на човековите права. Се наведува бројка од 37 жртви.

„Исламската држава“ за неколку месеци држи под контрола делови од територијата на Сирија и Ирак. (Крај)

извор: Бета фото: архива