Missing image

Роџерс – Играчи од светска класа сакаат да се дел од Ливерпул

Ливерпул, 15. август 2014 (ИНПРЕС) – Ако сте фудбалер во Европа и знаете како играше Ливерпул минатата сезона и како навивачите го поддржуваа тимот, секако дека ќе посакате да сте дел од екипата, изјави менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс.

– Одлично е тоа што најдобрите фудбалери во светот се заинтересирани да играат за нас. Тоа зборува за прогресот на клубот во последно време. Сето ова е јасен доказ за тоа на кое високо ниво е тимот во овој момент. Премиер лигата е најсилното првенство во светот, а ние – еден од најдобрите тимови. Играме возбудлив фудбал, во кој уживаат навивачите. Задоволен сум од играчите кои ги имаме и од оние кои се блиску до трансфер кај нас. Важно е дека градиме свој идентитет, додаде Роџерс. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива