cistenjekejkomunalec1

Охридски комунални „генијалности“ – Снегот се чисти и се фрла во езерото (Фото)

Охрид, 4. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Откако пет-шест дена ги оставија охриѓани и гостите да се снаоѓаат како знаат и умеат на градскиот кеј, одговорните вчера донесоа „генијално“ решение, напладне, околу 12:00 часот кога имаше најголема фреквенција на гости во овој дел на градот, со камион да го чистат снегот, јави Супер радио.

Впечатокот да биде комплетен, вработени во јавните претпријатија со лопати го фрлаа снегот, но и песокот и целото ѓубре во езерото.

Да се надеваме дека најавениот снег нема да ги „доизненади“ одговорните, а целата оваа состојба наликува на историската изјава на еден струшки градоначалник, кој кога го запрашале зошто не се чисти снегот во градот едноставно рекол:

– Господ го даде снегот, Господ ќе си го земе! (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest