vodiciohrid

За време на Водици во Охрид се очекуваат над 30 илјади гости

Охрид, 09. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Охрид се подготвува за одбележување на големиот христијански православен празник „Водици“. Како што најавија денеска на прес-конференција од Општина Охрид и Здружението „Богојавление“, празникот ќе се одбележува пет дена, со богата културно-уметничка програма, но и со релизиозните обичаи во духот на старата охридска традиција.

– Програмата ќе ја започнеме на 16-ти јануари со настап на културно-уметничките друштва од Охрид, а следниот ден, на 17-ти јануари концерт ќе одржи Каролина Гочева. Согласно религиозните обичаи и традицијата, на 18-ти јануари, на празникот Водопост нема да има музичка програма. На тој ден во Куќата на Уранија  ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе изведуваат дела со мотиви од празничната атмосфера во Охрид. Ќе биде прикажан и документарниот филм „Водици-Охрид, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Осветувањето на езерските води и фрлањето на светиот крст во нив ќе се случи на 19-ти јануари во 10 часот. Претходно, во 7 часот ќе има богослужби во црквите, а во 9 часот ќе одекне хорската музка на главнито градски плоштад.

И годинава бесплатно, на штандови во центарот на градот ќе се служи вино, топла ракија, пача, но и плашици. За одбележување е што и овојпат, дел од угостителските капацитети во градот се вклучија во празнувањето преку намалување на цените на нивните услуги.

-Вкупно 17  хотели најавија големи попусти, од 30 до 50 проценти, така што сместувањето  ќе чини од 10 до 25 евра, а во одбележувањето на празникот се вклучија и рестораните кои ќе даваат 30-процентен попуст на нивните услуги, рече Бакрачески.

Според него, годинава се очекуваат над 30 илјади гости и посетители на ова зимско празнување во Охрид кое има долга традиција.

-Нашата интенција е,да ја продолжиме туристичката сезона во Охрид, и градот да заживее не само во лето, туку и во останатит емесеци од годинава. Очекуваме бројот на посетители да надмине 30 илјади. Најголемиот дел од гостите се очекува да дојдат од нашите соседни земји, Бугарија и Србија, но и од Албанија и Грција, истакна Бакрачески.

Кумови за празникот Водици во Охрид се кичевскиот стопанственик Зоран Милевски и српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest

Еден Одговор

  1. саше
    саше at |

    Ова шо се дешават во Охрид секоја година на водици е срам невиден и тежок грев !!!!!
    Кај Ќе им ојт душата јас не знам и на владиката и на варошкана мафија од ” богојавление” !!!!!

    Reply