Missing image

Волерс: Клуч за придвижување кон ЕУ и НАТО е решение на прашањето за името

Скопје, 16. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Американскиот амбасадор Пол Волерс, во својот последен говор пред заминувањето од Република Македонија, испрати јасни пораки до лидерите во земјата.

Предупреди за продлабочувањето на поделеноста меѓу етничките заедници, потенцирајќи дека стабилноста на Македонија е за доброто не само на целиот регион, туку и за Европа.

– Постои потреба од подобрување на меѓуетничките односи. Се плашам дека двете заедници ги продлабочуваат поделбите, наместо да се приближат, затоа што е многу важно Македонија да го реши ова прашање. Владата, но и опозицијата треба да работат заедно, бидејќи тоа е општ проблем кој не може да го реши една личност. Важно е сите граѓани да бидат верни и да работат за доброто на Македонија, од друга страна, и државата треба да биде лојална кон  граѓаните и да работи за нив, за доброто на другите, рече Волерс.

Од друга страна, Волерс ги повтори работите кои власта мора да ги преземе за деблокирање на евроатланските интеграции. Според него, решавањето на прашањето за името и владеењето на правото се елементи од суштинско значење за напредокот на земјата.

– Клучот за да се движите кон ЕУ и НАТО е решение на прашањето за името. Многу е важно да не се предадете. Знам дека некои луѓе се обесхрабрени, стануваат цинични, некои се загрижени дека не се во НАТО и со право се загрижени. И ние сме загрижени. Ние сакаме Македонија да стане членка на НАТО што поскоро, ние ќе продолжиме да работиме напорно, ќе видиме што ќе се случи во Атина по изборите, но јас сум оптимист дека во иднина ќе се постигне успех, бидејќи нема друга алтернатива – ова е иднината на Македонија, додава Волерс.

Волерс ќе биде заменет од амбасадорот Џес Бејли. (Крај)

извор: Алсат М дото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest

Еден Одговор

  1. Tasko
    Tasko at |

    Edinstveno resenie e MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE, se drugo e predavstvo, kapitulacija i likvidacija na makedonskata nacija.

    Reply