Missing image

Хуан Мартин Дел Потро го пропушта US Open

Њујорк, 16. август 2014 (ИНПРЕС) – Хуан Мартин Дел Потро го откажа настапот на последниот овогодишен Грен Слем турнир кој ќе се игра од 25-ти август до 8-ми септември, објавија организаторите во Њу Јорк.

Аргентинецот кој победи на “US Open” 2009 година и се наоѓа на 11-то  место на АТП листата, последен пат имаше настап во февруари на АТП турнирот во Дубаи.Тој пред неколку месеци го оперираше зглобот на левата рака и се уште не се чувствува доволно подготвен да се врати на теренот.

Дел Потро е пријавен за учество на “Malesian Open” во Куала Лумпур, кој започнува на 22-ри септември. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива