Missing image

„Форбс“ – Лондон е највлијателниот град во светот

Лондон, 18. август 2014 (ИНПРЕС) – Според листата објавена во угледниот „Форбс“, Лондон е највлијателниот град во светот за 2014 година.

Списанието подготвило листа на 20. највлијателни градови во светот врз основа на неколку фактори – количина на директни странски инвестиции, концентрацијата на корпоративни централи, врска од воздух (лесно патување до други глобални градови), технолошка и медиумска сила, расна разновидност и др.

Лондон, кој е дом на многу од најбогатите луѓе во светот, не е само историска престолнина на англискиот јазик, туку и место од каде започнале културните, правните и деловни практики кои го детерминираат глобалниот капитализам. Во Лондон се наоѓаат централите на 68 компании, кои се меѓу 2000-те најголеми компании во светот за 2012 година.

Освен тоа Лондон стана главен центар за нови технолошки компании во Европа. Во градот има околу 3.000 такви компании, а таму се наоѓа и најголемата канцеларија на Google надвор од Силиконската долина.

На второ место е Њујорк, пред Париз, Сингапур, Токио, Хонг Конг, Дубаи, Пекинг, Сиднеј, Лос Анџелес, Сан Франциско и Торонто на десеттото место. (Крај)

извор: Форбс фото: архива