Скопје, 21. август 2014 (ИНПРЕС) – Граѓаните на Република Македонија не треба да имат дилема дека конзумираат безбедна храна, вклучително и сувомесни производи, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
– Најодговорно тврдиме дека во Република Македонија се увезува безбедна храна и суровини за домашната прехранбена индустрија. Секоја пратка на производи од животинско потекло од увоз е пропратена со ветеринарен здравствен сертификат за безбедност, во кој надлежниот орган на земјата извозник потврдува дека производот ги исполнува сите барања наведени во Правилникот за посебните барања за безбедност на храна по однос на микробиолошките критериуми, се вели во соопштението.
Освен тоа, наведените суровини се испитани и во други две акредитирани лаборатории, од каде се добиени негативни резултати за присуство на листерија. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива