Атина, 17. март 2015 (ИНПРЕС) – Медијаторот на ОН Метју Нимиц испратил писмо до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас со честитки за преземањето на министерската функција и изразил подготвеност да допатува во Атина за запознавање на новата грчка влада, пишува грчкиот весник Етнос.
Атина на ова одговорила само со протоколарно писмо, без покана, пишува весникот и поставува отворено прашање како Грција планира да предложи мерки до Македонија за градење меѓусебна доверба, а не сака да го прими Нимиц. (Крај)
извор: Mkd.mk фото: архива