ucenicipolaganje

Меѓаши со реакција по повод притисоците врз средношколците во училиштата

Скопје, 25. март 2015 (ИНПРЕС) – Од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ поттикнати и загрижени од случувањата во минатиот период за заканите и притисоците врз учениците кои штрајкуваат, велат дека ситуацијата била се секоја осуда.

– Oчекуваме одговорните лица и институции (МОН, директорите/ките на училиштата) да преземат соодветни чекори околу однесувањето на наставниот кадар, во најмала рака јавно на состанок во училиштата да кажат дека нема да се толерира такво однесување кон учениците. Колку и да се „жешки„ проблемите, работа на возрасните а особено на оние кои се во образование е да наоѓаат конструктивни и ненасилни начини за нивно решавање а кон соговорниците да постапуваат со почит. Ваквата демонстрација и воедно злоупотреба на моќ е неприфатлива и не смее да помине. На овој начин на младите и децата им соопштуваме дека не ги слушаме, дека заканување е прифатлива комуникација, дека треба да бидат беспоговорно послушни и покорни кон возрасните и ред други нешта кои не придонесуваат кон градење автономни личности. Како што и од самото ваше однесување тие учат како треба или не треба да се однесуваат, јавуваат од Меѓаши.

– Со оглед на претходно наведеното, учeствата на средношколците на маршевите не се ништо друго освен користење на нивното право слободно да го изразат нивното мислење и став. Сега од суштинско значење за училиштата и МОН е да обезбедат конструктивен и мирен дијалог со учениците/ките и да разгледа што тие имаат да кажат, не само за да се избегне можното насилство на улиците, туку да се постави и знак на демократијата во Македонија, додава м-р Драги Змијанац, Директор и основач на Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest

Еден Одговор

  1. Меѓаши со реакција по повод притисоците врз средношколците во училиштата | Inpress | megjashi92

    […] […]