Missing image

Скопјанецот Кемер Мумин загинал во борбите во Сирија

Дамаск, 27. март 2015 (ИНПРЕС) – Кемер Мумин, според Канал 5, е 26 годишен Македонец од албанско потекло кој го загуби животот на страната на џихадистите во Сирија.

Од МВР ја потврдија дека располагаат со таква оперативна информација, но официјално ќе се произнесат по контактите со останатите служби.

Според сознанијата Мумин заминал од Македонија во декември минатата година преку граничниот премин Богородица со автобуски превоз.

Џихадистот Кемер Мумин по потекло е од село Морани, а живеел во Скопје. Роден е во 1989 година. (Крај)

извор: Канал5 фото: архива