Missing image

Маратонците синоќа продефилираа на сцената на Охрид фест

Охрид, 23. август 2014 (ИНПРЕС) – Спој на спорт, музика и култура имаше синоќа на сцената на Охрид фест – Охридски трубадури, непосредно пред почетокот на фестивалот.

Маратонците кои денес ќе пливаат за титулата, синоќа продефилираа на сцената на Охрид фест, поздравени со бурни аплаузи од публиката. Најмладите искористија мала прилика да се фотографираат со дел од учесниците на годинешниот Охридски Пливачки маратон.

На сцената пред почетокот на фестивалската вечер се појавија  Виталиј Кудјаков од Казахстан, Матеус Евангелиста – Бразил, Дарио Фернандо Кларамела – Аргентина, Самир Барел Ботело – Бразил, Едоардо Сточино – Италија, Блаум Дамијан – Аргентина, Цветан Јорданов – Бугарија, Брајан Рајкеман – Белгија, Жоанес Хедел – Франција, македонските маратонци Томи Стефановски, Александар Илиевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Панчевски, потоа Сајмон Пистор – Германија, Ксавиер Дешарне – Канада,  Бертранд Вентури – Франција. Тука беа и пливачките Силви Рибарова – Чешка, Дина Левачиќ – Хрватска, Ана Манкевич – Русија, Пилар Гејхо – Аргентина, Ванеса Рита Гарсиа – Аргентина и Ештер Морера Нуњез – Шпанија. (Крај)

извор: Инпрес фото: Инпрес