Охрид, 23. август 2014 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишниот охриѓанец С.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 22-ри овој месец, по претходно добиена наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом. Во една од собите на семејната куќа пронајдени се еден автоматски пиштол „Шкорпион“ и 69 парчиња пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри.
При преглед на гаражата забележани се 15 парчиња муниција калибар 12 милиметри кои биле сокриени во платнен реденик. При извршениот претрес, пронајдена е и една пневматска пушка „Гамо“ калибар 4,5 милиметри со потврда.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Пријавениот С.В. е лице познат на службата против кого и досега, по неколку основи биле поднесувани кривични пријави. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива