Земјотрес од 7 степени го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 7,0 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужниот дел на Перу.

Земјотресот се случил на 61 милји североисточно од Пукујо, објави американскиот Геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од речиси 60 километри.

Досега нема извештаи на претрпената штета и повредени, јавува Ројтерс. (Крај)

извор: Ројтерс фото: архива