Missing image

Тентов – Гробницата на Александар е во Македонија

Свети Николе/Прилеп, 25, август 2014 (ИНПРЕС) – Една од можностите е дека во утробата на ридот кај селото Црнилиште, прилепско, се наоѓа гробницата на Големата Мајка, а друга дека е таму бил закопан врховниот бог на Македонците, богот на сонцето Ѕе.

Гробот на Александар Македонски се наоѓа во Македонија но, не е под геоглифот во Овче Поле, кај селото Црнилиште, пишува Вечер.

Таму се крие голем сакрален објект, комплекс со гробница со површина најмалку двапати поголема од она што се гледа. Сепак, за што конкретно се работи, ќе биде обзнането кон крајот на септември. Ова за Вечер го изјави професорот Аристотел Тентов, кој во март годинава заедно со истражувачки тим составен од врвни светски научници, со софистицирана опрема, без копање истражуваа на геоглифот.

– Истражувањето беше бомбастично најавено од медиумите и ја заинтригира цела јавност, па ние се обидуваме топката малку да ја смириме. Иако не кријам дека самиот настан по своето значење е бомбастичен, бидејќи сите ние што бевме дел од истражувачкиот тимот сме вчудоневидени од добиените сознанија дека под геоглифот се крие комплекс чија површина е за двапати, па дури и за три пати поголема од она што се гледа, вели професорот Тентов.

Вели дека една од можностите е дека под ридот се наоѓа гробицата на Големата Мајка а друга дека е таму бил закопан на Врховниот Бог на Македонците, Богот на сонцето Ѕе. Тоа, според него го покажува и кодификацијата на самиот симбол на геоглифот кој, според него, содржи букви од демотското, односно древномакедонското писмо кое испишано и на Каменот на Розета што датира од 196 година пред Христа. (Крај)

извор: Вечер/МКД.news фото: архива