Missing image

Патник мирисал премногу лошо, го замолиле да го напушти авионот

Париз, 28. август 2014 (ИНПРЕС) – Французин бил замолен да го напушти авионот на „American Airlines“, затоа што мирисал премногу лошо.

Авионот се подготвувал за лет на релација Париз Далас. Патникот сакал да го користи тоалетот уште пред полетувањето, што е забрането. Поради ужасната миризба, која се ширела околу него, тој бил замолен од страна на екипажот да слезе од авионот.

Лицето, чие име не се споменуваодбило да го направи тоа, по што, по наредба на капетанот била повикана полиција. Штом разбрале за што станува збор, полициските службеници објасниле дека немаат право да го симнат од авионот, бидејќи тој со ништо не го прекршил законот.

На крајот, патникот сепак бил убеден да слезе. Според официјалното објаснување од „American Airlines“, патникот бил замолен да го напушти леталото затоа што немал американска виза. Тинејџерот категорично негира дека тоа е точно и најавува дека ќе ја тужи авиокомпанијата за дискриминација. (Крај)

извор: АФП фото: АП