Missing image

Над 200.000 Грци ќе се пензионираат до крајот на годината

Атина, 28. август 2014 (ИНПРЕС) – Грчките медиуми јавуваат за сериозната загриженост на владата поради се` поголемиот број вработени, кои имаат намера да се пензионираат.

Огромен број Грци заминуваат во пензија поради неизвесноста и недовербата во локалната економија. За само три месеци, од јуни до август, од државниот сектор се пензионирале 34.952 лица. Според прогнозите на експертите, до крајот на декември нивниот број ќе ја надмине бројката од  200.000 луѓе. Во 2016 година се очекува да се пензионираат околу 600.000 Грци.

Поради високата невработеност (над 1,5 милиони Грци се без работа), односот меѓу вработените и пензионерите во земјата е 50:50.

Грчкиот министер за труд се обиде да ги смири тензиите и изјави дека во моментов не се размислува кревање на старосната граница за пензионирање. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest