Missing image

САД – Русија подготвува нов напад во Источна Украина

Вашингтон, 28. август 2014 (ИНПРЕС) – Американската влада изрази уверување дека Русија спроведува нов воен контра напад во источниот дел на Украина, со кој им помага на про-руските бунтовници.

Портпаролката на Стејт департментот Џен Шак, рече дека Русија испратила колона од тенкови и оклопни возила на територијата на Украина, како и ракетни лансери. Шак рече дека овие упади укажуваат на тоа дека станува збор за “контраофанзива управувана од страна на Русија“.

Таа исто така, изрази загриженост во врска со бунтовничкиот напад врз пристанишниот град во југоисточниот дел на Украина, Новоазовск. (Крај)

извор: Ројтерс фото: АП