Missing image

Започнува Камп Академијата Андреа Лекиќ во Охрид

Охрид, 20. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Маркетинг агенцијата Д & Д Маркетинг во соработка со медиумот и веб портал balkan-handball од денес го организираат проектот Академија Андреа Лекиќ кој ќе се одржува до 26-ти јуни во Охрид.

Ова е трет интернационален камп за млади ракометари кој Андреа го организира со својот тим и прв во Охрид, Македонија.

Првиот камп е одржан во Врњачка Бања со учесници од 7 земји, вториот камп во Бања Лука со учесници од 11 земји.

– Целта на кампот кој ќе се одржи во Охрид е промоција на ракометот, усовршување на ракометни техники и ракометна тактика, насочување на младите кон вистинските спортски вредности, пренесување на искуство од врвен ракометен тренерски тим под водство на Андреа Лекич, Катерина Томашевиќ (Ференцварош), Ина Суслина (ЖРК Вардар), Владимир Копривница (декан на факултетот за спорт и физичко воспитување во Белград), помошници тренери од Словенија, Србија и Македонија. На кампот има и психолог кој ќе разговара со децата на разни теми како може да ја подобрат својата мотивација, концентрација, како и во премостување на тешките моменти кој ги има секој спортист. Присуство на камп кој наликува на професионален со цел младите да научат како функционираат професионалците со што полесно ќе се вклопат во своите тимови и националните селекции, вели Дејан Трифуновски, претставник на Маркетинг агенцијата Д & Д Маркетинг.

Пропратен дел од овој настан ќе биде и дружењето и забавата кое го овозможува спортот, потоа ширење на олимписки дух. Предвидена е прошетка низ убавините и културните споменици во Охрид и околината.

Во рамките на кампот ќе има и ревијален настан: „Вкуси ракомет и следи го шампионатот“.

Настанот предвидува низа активности за промоција на спортот ракомет како најтрофеен и најпопуларен спорт во Република Македонија и за насочување на младите да спортуваат активно и рекреативно со цел одвојување од сите пороци.

Во центарот на Охрид ќе биде поставено импровизирано ракометно игралиште на кое граѓаните и туристите ќе имаат можност да учествуваат во игри.

За публиката ќе има игри: од гол на гол, погодување на мета во гол, прецизно додавање. Секој купен билет ќе има награда. Настанот има и хуманитарен карактер бидејќи собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Иван Трајковски од Скопје кој боледува од леукемија и за кого се потребни 130 000евра за лекување во болницата во Фленсбург Германија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива