Missing image

Заврши Копа Америка за Нејмар

Ла Серена, 21. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Бразилецот Нејмар поради црвениот картон и инцидентот што го предизвика на дуелот против Колумбија Нејмар, нема да игра до крајот на Копа Америка, откако доби четири меча суспензија.

Селекторот Карлос Дунга нема да може да смета на неговите услуги за последниот меч од групата Ц против Венецуела вечерва а потоа и за евентуалното четвртфинале, полуфинале и финале на Копа Америка.

Најдобриот бразилски репрезентативец заработи црвен картон по инцидентот што го имаше со Хеисон Муриљо и со Карлос Бака по завршувањето на натпреварот.Тој го удри со глава противничкиот фудбалер, а потоа настана вистинска мешаница на теренот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива