Missing image

Убиен српски полицаец на границата со Косово

Белград, 28. август 2014 (ИНПРЕС) – Српскиот граничен полицаец, кој беше тешко повреден во главата ноќеска, почина на Военомедицинската академија во Белград.

30-годишниот Стеван Синѓелиќ беше застрелан во главата во селото Орловац, во реонот на Куршумлија, недалеку од границата со Косово.

Според првичните информации, врз него било пукано од косовска територија, од страна на крадци на дрва. Неодамна на истото место се случи сличен инцидент, но без жртви.

– Синѓелиќ беше повреден ноќеска околу 03:00 часот и по прегледот во локалната болница беше итно префрлен со хеликоптер во Белград, каде што почина, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија.

Во моментов во регионот има претставници на силите на ЕУ во Косово, ЕУЛЕКС, кои го истражуваат случајот. (Крај)

извор: РТС фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest