Missing image

ОН – Од Сирија побегнале три милиони луѓе

Дамсаск, 29. август 2014 (ИНПРЕС) – Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека поради војната во Сирија, побегнале повеќе од три милиони луѓе.

Агенцијата го нарече случајот “најголема хуманитарна криза на нашата ера”.

Повеќето луѓе избегаа во соседните земји, а само во Либан има 1 милион и 170 илјади Сиријци кои побарале засолниште. Повеќе од 190.000 цивили се убиени во три-годишната граѓанска војна во Сирија.

Ситуацијата во земјата е влошена во последниве месеци. УНХЦР соопшти дека едно од осум лица во Сирија ја напуштаат земјата. (Крај)

извор: ББС фото: архива