Missing image

Изложба и концерт вечерва на Културно лето Карпош

Скопје, 29. август 2014 (ИНПРЕС) – Уметничката Андријана Мациев вечерва ќе има своја самостојна изложба на дела во рамките на годинешната програма на Културно лето Карпош.

Мациев е дипломиран графичар, а во тек се нејзините Постдипломски студии на Факултет за ликовни уметности-Скопје.

Член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2009 година.

Има освоено бројни награди, меѓу кои, прва награда за најуспешна графика од Фондација Драгутин Аврамовски- Гуте.

Отворањето на изложбата е во 21:00 часот, а потоа следи концерт на Jazz Vibes  Бенд. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива