Missing image

Поради оштетен прозорец, принудно слета авионот на Венизелос

Солун, 29. август 2014 (ИНПРЕС) – Грчкиот владин авион, со кој патувал министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос, принудно слетал во Солун, поради оштетен прозорец на леталото.

– Проблемот бил откриен на височина од околу 11.300 метри, по што авионот веднаш слетал на најблискиот аеродром во Солун, соопшти грчкото МНР.

Венизелос патувал од Турција за Милано, каде требало да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest