Missing image

Романец се обидел да размени фалсификувани евра во Охрид

Охрид, 30. август 2014 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишниот А.М. од Романија поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари”.

Пријавениот на 28-ми овој месец, на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, сакал да размени банкнота од 20 евра во локална менувачница, за која сопственикот утврдил дека е фалсификувана. (Крај)

извор: МВР фото: архива