Missing image

Кривична пријава за разбојникот кој се обиде да ограби бензинска пумпа во Скопје

Скопје, 30. август 2014 (ИНПРЕС) – СВР Скопје поднесе кривична пријава против 43-годишниот С.В. од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво во обид“.

На 28-ми овој месец, околу 04:45 часот на улицата „Козле“ во бензинска пумпа со сериозна закана дека ќе прави проблеми ако не му го дадат дневниот пазар се обидел да изврши разбојништво.

Во намерата да изврши кривично дело бил спречен од двајцата вработени во бензинската пумпа, кои го совладале и го предале на полициски службеници од ПСОН „Карпош“.

Од страна на Судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, пријавениот е прекршочно пријавуван за нарушување на јавниот ред и мир, а  во 2011 година му е поднесена кривична пријава за кривично дело „разбојништво“. (Крај)

извор: МВР фото: архива