Missing image

Стеван Јоветиќ на позајмица во Интер

Манчестер, 24. јули 2015 (ИНПРЕС) – Sky sport Italia пренесува дека фудбалерот на Манчестер Сити и црногорски репрезентативец ,Стеван Јоветиќ следната сезона, како позајмен играч, ќе игра во дресот на Интер.

Според истиот извор двата клуба постигнале договор играчот една сезона да биде на позајмица со опција Интер потоа да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра.

Јоветиќ во 2013 година од Фиорентина направи трансфер во Манчестер Сити, со екипата од Етихад освои една титула и еден Лига Куп, но повеќе ја грееше клупата за резерви отколку што настапуваше за првиот тим. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива