Missing image

Анхел ди Марија за 65 милиони евра во ПСЖ

Париз, 24. јули 2015 (ИНПРЕС) – Француските медиуми јавуваат дека Манчестер јунајтед и ПСЖ официјално постигнале договор за трансферот на Анхел ди Марија, откако англискиот клуб ја прифатил понудата од ПСЖ вредна 65 милиони евра.

Двете екипи се наоѓаат на подготовки во САД, а Ди Марија се очекува овој викенд да биде промовиран како нов играч на францускиот клуб.

Ди Марија минатото лето за 60 милиони фунти направи трансфер од реал Мадрид во Манчестер Јунајтед, но не успеа да се адаптира на Премиер лигата и англискиот фудбал, и самиот сакаше да ја промени средината. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива