Missing image

Финишираат подготовките за ЕП во кошарка

Лил, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Според зборовите на претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Франција Жан-Пјер Сиутат се очекува наскоро во целост да биде распродадена арената во Лил каде ќе се одигра финалето на Европското првенство.

Групната фаза од Евробаскетот ќе се одржи во четири држави, а за завршницата во Франција,Лил, продадени се веќе 22.000 билети.ЕП ќе започне на 5.септември, а првата фаза ќе се игра во Монпеље, Берлин, Загреб и Рига.

Македонската селекција ќе игра во групата во Загреб, заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива